Тајсон Фјури му се закани на Би-Би-Си со тужба

Легендата Тајсон Фјури предупреди дека ќе ја тужи Би-Би-Си доколку биде вклучен во листата на спортисти на годината во Велика Британија. Фјури во 2015 година го победи Владимир Кличко на поени и со тоа му ги одзеде светските титули.

Истата година, беше поднесена петиција за негово отстранување од наградите на Би-Би-Си поради хомофобични и сексистички коментари. Потоа Фјури остана на листата и го зазеде последното четврто место.

Во 2020 година, Фјури им наложи на своите адвокати да го тргнат неговото име од листата на Би-Би-Си на номинирани за наградата. Се очекува оваа година повторно да влезе во нивната листа, но не сака и е подготвен да ги тужи.

„Ништо не ми значи, не ми треба и не сакам. Ќе се сретнат со моите адвокати доколку ме вклучат на нивната листа. Подарете ја наградата на некој што му треба. Не ми треба награда.

Не ми е грижа. Веќе три пати требаше да ја освојам оваа награда. Имам жена и деца. Тоа е се што ми треба. Ќе го тужам Би-Би-Си ако бидам вклучен“, изјави Фјури во интервју за Телеграф.

Би-Би-Си следната недела ќе ја објави листа на спортисти за престижната награда. Тениската ѕвезда Ема Радукану е фаворит да победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON