Хабиб: Семејството е најважно, а не кој е најдобар во ММА

ММА легендата Хабиб Нурмагомедов не го интересира дали е најголемиот во историјата на ММА. Вил Харис од серијата „Анатомија на борецот“ сподели на социјалните мрежи дека семејството е сè за Хабиб.

Харис се пофалил дека го посетил Дагестан пред неколку години и снимил краток филм за Нурмагомедов. Потоа Хабиб не запозна со својот дедо, кој за жал почина неколку месеци подоцна. Помина година ипол од смртта на Абдулманап Нурмагомедов, таткото на Хабиб.

Во рок од 3 години, Хабиб изгуби двајца од оние што најмногу ги сака. „Орелот“ беше на врвот во ММА, но сигурно би се откажал од се доколку може да ги врати своите најблиски.

„Само семејството е важно. Не е важно кој е најдобар во ММА“, напиша Хабиб во својата приказна на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО