Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (30-0-1) ги искористи социјалните мрежи за да инспирира еден од играчите на Манчестер Јунајтед. „Ромскиот крал“ е заколнат навивач на „Црвените ѓаволи“, не пропушта меч, било на стадион или пред ТВ екранот.
Фјури брзо го мотивираше Џеси Лингард, кој го постигна победничкиот гол против Вест Хем во последното коло од Премиер лигата. „Манчестер Ј“ победи со 2-1, откако крилниот напаѓач постигна прекрасен гол во последната минута, а кратко потоа Давид де Хеа одбрани пенал во дополнителното време.
‘it ain't how hard you hit; it's about how hard you can get hit, and keep moving forward. How much you can take, and keep moving forward.’ #Jlingz
What a strike 👑👊🏽 https://t.co/pAIZiKmzDS
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) September 19, 2021
„Не е прашање колку силно можеш да погодиш, туку колку можеш да издржиш, а потоа да станеш. Колку може да земеш и да одиш напред “, напиша Фјури на социјалните мрежи. Цитатот е дел од еден од познатите говори на Роки во филмската адаптација на боксерскиот лик од филмовите на Силвестер Сталоне.
Самиот Тајсон продолжува да се подготвува за пресметката со Дионтеј Вајлдер (42-1-1). Тие ќе се сретнат на 9 октомври во Лас Вегас во нивниот трет меч, што треба да стави крај на спорот меѓу нив.