Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) е уверен дека политиката е причина поради која толку долго е надвор од рингот.
Верува дека неговата двегодишна неактивност е слична на политичката борба предводена од Мухамед Али и која тешката легенда го држеше надвор од рингот.
29-годишниот „Крал на Циганите“ последен пат се бореше во ноември 2015 година, кога му го нанесе првиот пораз на Владимир Кличко за 11 години и ги освои ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО светските титули во тешка категорија.
ИБФ речиси веднаш му го одзеде појасот, бидејќи имал договорни обврски да го одработи реваншот со Кличко и не можеше да се бори со задолжителниот предизвикувач Вјачеслав Глазков. И за тоа е во право, бидејќи некои други шампиони, особено по толку голема победа, не би имале таков третман.
Но, освен од проблемите со менталното здравје и со кокаинот, тука е и случајот и со британската Агенцијата за антидопинг, која го обвинува дека бил позитивен на допинг тест во почетокот на 2015 година За потсетување, борбата со Кличко се одржа во ноември истата година, а УКАД/UKAD се огласи по неа.
Откако ги ослободи пресотанатите наслови ја изгуби и боксерската лиценца.
Овој месец би требало да има сослушување пред Британската анти допинг комисија.
„Политиката ме држи надвор од рингот, истото тоа му правеа и на Мухамед Али. Али го држеа надвор од рингот за три години и седум месеци. Тоа не влијаеше на него. Остана запаметен како најголем“, напиша Фјури на социјалните мрежи.
Фјури и се врати на тренинзите на кои му помага поранешниот светски шампион во полувелтер и велтер категорија Рики Хатон.
Хатон вели дека поранешниот шампион во тешка категорија брзо ги губи килограмите, работи брзо со нозете и неговите рефлекси се уште се многу брзи.
„Напорно работам, напорно тренирам и сè оди добро. Килажата се симнува, парите доаѓаат. Среќен сум со она што го постигнав во кариерата, но има една стара поговорка: „Не може да го сопрете добариот човек. А тоа е она што сум. Јас сум добар човек и не можете да ме спорете, без оглед на тоа што зборува некој“, вели Фјури.
„Треба да се најде вистинско човечиште да го испрати Тајсон Фјутри на грб“.