Тајсон Фјури: Лево кроше, десен директ и Џошуа е дотука (ВИДЕО)

Светскиот шампион на ВБЦ, Тајсон Фјури (30-0-1) го објави начинот на кој ќе ги земе појасите на ИБФ, ВБО, ВБА и ИБО од рацете на Ентони Џошуа (-124-1). „Кралот на Ромите“ во интервју за менаџерот на Еј Џеј, Еди Херн изјави дека ќе го „расцепи“ неговиот боксер и ќе го избрише од лицето на земјата. Според него, ова ќе се случи лесно како врел нож да помине низ парче сирење.

„Ќе го расцепам Ентони Џошуа. Го изгради ова момче од ништо. Заврши одлична работа, зема аматер и го претвори во комплетен боксер. Штета што треба да биде во ерата на „Кралот на Ромите“. Кога ќе го ставам право во вилицата, ќе се подели како варено јајце – точно на средина, не може да се залепи. Тој си заминува. Ќе ти кажам точно како ќе се случи. Прво ќе го испратам на подот со лева кроше директно во главата. Ако успее да стане, ќе го нокаутирам со директ. Тоа е тоа“, се закани Фјури во интервјуто со Еди Херн на подкаст на Би-Би-Си.

Тајсон го продолжи нападот врз Џошуа, кого вели дека е бизнисмен и за кој смета дека ќе заврши лошо. „Нема трпение да го ставам овој бездомник во ринг и да го натепам така и да им покажам на сите колку е лажен. ЕЏ дури не може да ми ги чисти и чевлите. Ги нема нужните состојки за да ми се спротивстави. Разликата меѓу нас е во тоа што тој е бизнисмен, а јас сум војник. Тој е возбуден од парите, но вистината е дека дури и да ги има сите пари на светот, што ќе земе со вас на крајот? Ништо. Сè ќе остане тука. Сепак, за мене ќе зборуваат илјада години – „Кралот на Ромите“ од Англија, а него никој нема да го памети“, рече Фјури.

Еди Херн посочува дека мечот може да биде завршен на крајот на неделава, очекувајќи да бидат расчистени последните детали во следните неколку дена. Тој му рече на Тајсон дека според него, Џошуа ќе го нокаутира во 9-тата рунда и призна дека не очекувал Фјури да го победи Владимир Кличко во 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON