Тајсон Фјури ќе станува лекар по завршувањето на боксерската кариера

Поранешниот шампион во тешка категорија Тајсон Фјури има намера да изгради кариера во медицината откако ќе го заврши боксот.

Фјури во риногот ќе се врати по повеќе од две години пауза со гостиварчанецот Сефер Сефери на 9 јуни.

29-годишниот боксер последен пат се бореше со Владимир Кличко кон крајот на 2015-та, кога му ги одзеде ИБФ, ВБА и ВБО титулите.

Фјури е решен да си ги врати од сегашниот сопственик, Ентони Џошуа, но исто така сака нова кариера по боксот.

„Имав право на избор и решив прво да се занимавам со бокс, но кога ќе завршам со тоа, ќе станам доктор. Ја донесов оваа одлука пред неколку години. Ќе бидам доктор и ќе помагам на луѓето“.

„Кога ќе го завршам со спортот за неколку години, ќе бидам во раните 30-ти и следните 7 години ќе ги поминам во студирање“.

„Ако се квалификувам за доктор на 40, пак ќе сум релативно млад. Тоа сакам да го правам. На училиште учев сериозно, но почнав да се занимавам со спорт – каде што го достигнав врвот“.

„Со што и да се зафатам, тоа го правам добро. Сметам дека лекарите и сестрите прават уникатна работа. Не им се плаќа доволно, но без нив сме изгубени“.

Фјури имаше проблеми со психата и тежината по победата над Кличко. Британецот, сепак, верува дека е во најдобра форма и покрај неговата долга пауза.

„Не можам да кажам колку точно изгубив, но се простив со еден мал човек. Во прашање е психичка став. Ако во главата си наумил дека ќе направиш нешто, ќе успееш. Не е комплицирано, бара само посветеност“.

„Симнувањето на килажата не е лесно, мора да го смените целиот животен стил, но тренингот е добар за телото и умот, го препорачувам сите“.

„Дури и во минатото не бев особено активен – пред средбите се нервирав, најмногу внимание посветува на симнувањето на килограмите. Треба да направам некоја кампања за луѓе кои сакаат да ослабнат. Зошто не и телевизиска емисија“?

„Не мислам дека одморот лошо ќе ми влијае. Чувствувам дека сум во одлична форма”.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON