Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури, вети дека ќе ги почести приврзаниците со пијалоци во вкупна вредност од 10.000 фунти, откако ќе помине и вториот меч во октомври со Владимир Кличко.
27-годишниот Британец и Кличко требаше да се сретнат по втор пат овој месец, но повредата на глуждот на Фјури ја одложи средбата.
Ова лето Фјури се одмораше во Франција, дури и ги честеше со пијачки навивачите на англискиот национален тим, а на Твитер вети нова напојница по мечот со Украинецот.
„Следниот пат кога ќе излезам по средбата со Кличко, ќе ги информирам сите каде сум и ќе потрошам 10.000 за пијалоци, за да покажам љубов“, напиша Фјури на Твитер.