Тајсон Фјури истакнува дека големината нема да биде пресудна на мечот против Усик

Љубителите на боксот со нетрпение го чекаат претстојниот боксерски меч за апсолутниот светски шампион во тешка категорија.

Непоразените шампиони Тајсон Фјури и Aлександар Усик ќе се борат на 18 мај во Ријад за обединување на појасите.

Многу боксерски стручњаци предноста во оваа борба му ја даваат на Џипси Кинг, кој е физички поголем од Украинецот.

Фјури е огромен, висок 206 сантиметри, распон на рацете од 216 сантиметри и тежок 120 килограми.

А неговиот противник е понизок за 15 см. Усик е 191 сантиметар со распон на рацете од 197 сантиметри. Тежи околу сто килограми.

Според тие бројки, Британецот е напред, но истакнува дека големината нема да биде пресудна на тој меч.

„Борбата нема да се сведе на заклучок дека „беше поголем од мене или беше помал од мене“. Победникот ќе го одлучи поголемата желба за победа. Ако ја сака победата повеќе од мене, тогаш ќе победи. И, ако таа желба е поголема кај мене, тогаш на крајот мојата рака ќе биде крената во воздух. Во секој случај ви претстои боксерско уживање“, изјави Тајсон Фјури.

Британскиот боксер додава дека Усик докажал оти може да се носи во тешка категорија.

„Ги победи Џошуа и Дубоа, а тие се големи тешкаши. Се вклучувам во пресметка со елитен борец кој има повеќе од боксерски вештини. Тој е тврдоглав и сака да победува, исто како и јас. И двајцата сме талентирани, имаме добри и лоши страни. Но, кој ќе има поголема желба за победа, на крајот ќе слави“, рече Тајсон Фјури и подвлече:

„Усик е многу опасен борец и можам да бидам будала ако го потценам. Напорно тренирам за мечот против него. Го почитувам Усик и неговата кариера. Беше олимписки шампион, има 350 аматерски мечеви, а покрај сето тоа беше и апсолутен светски шампион во полутешка категорија. Има и три титули во тешка категорија. Не се борам со тип кој има 14 борби и победи на 11, чекам вистински борец, вистински како Холифилд. Со нетрпение го очекувам предизвикот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON