Тајсон Фјури и се врати на спаринзите, ама многу дебел (ФОТО)

Тајсон Фјури почна да се подготвува за враќање во рингот.

28-годишниот „Кралот на Циганите“ спарингуваше со тешкашот Даниел Дубоис кој на 8 април го чека профи дебито во воведниот дел на настанот Тери Фланган – Петар Петров.

„Излегов од мрачно и застрашувачко место во кое што живеев. Ако можам да ја победам депресијата може да победам било што. Тоа беше најтешката борба на мојот живот“, рече Фјури.

„Кога зборуваме за мене како дебел човек. Имам 160 килограми, но симнувањето на килограмите никогаш не било проблем. Прашајте го Питер Фјури, го поминавме тоа веќе 24 пати“.

Да додадеме дека чичкото на Тајсон, Питер Фјури, сепак ќе биде во аголот на неговиот син Хјуи за мечот за светската титула во тешка категорија на ВБО против Џозеф Паркер. Сепак му е одобрена специјална виза за Нов Зеланд, откако првично му беше ускратена поради претходните претстои во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON