Тајсон Фјури и Дилиен Вајт соборуваат рекорд на Вембли: Зголемен е капацитетот на стадионот за нивниот меч

Скорешниот меч за шампион на ВБЦ во тешка категорија ќе остане во историјата.

Нешто повеќе од две недели не делат од 23 април (четврти месец) и борбата меѓу Тајсон Фјури (31-0-1) и Дилиен Вајт (28-2-0). Пресметката на британските тешкаши (Вајт ги влече корените од Јамајка) за светскиот појас во тешка категорија на ВБЦ привлекува голем интерес.

Имено, борбата ќе се одржи на култниот стадион Вембли во Лондон. Официјалниот капацитет на стадионот за боксерски натпревари е 90.000 седишта, но Тајсон Фјури и Дилиен Вајт ќе го соборат рекордот кога станува збор за боксерските мечеви на Вембли. На тој познат стадион боксираа и Ентони Џошуа и Владимир Кличко во 2017 година, 90.000 гледачи беа сведоци на борбата.

За средбата меѓу Фјури и Вајт првично беа пуштени 85.000 влезници. За само три часа биле порадени сите 85.000 билети, а една недела подоцна биле пуштени во продажба уште 5.000 билети. Тие пет илјади беа продадени многу брзо, а комисијата сега одобри дополнително проширување на капацитетот за овој натпревар.

Дополнителни четири илјади билети ќе бидат пуштени во продажба, а мечот на Фјури против Вајт треба да го следат во живо 94.000 гледачи. Со тоа Фјури и Вајт влегуваат во историјата на новиот Вембли, отворен во 2007 година. Сепак, рекордната посетеност на новиот Вембли не беше постигната со спортски настан, туку со концертот на Адел во 2017 година. На „Вембли“ тогаш беа присутни 98.000 луѓе, а кога е фудбалот во прашање, рекордот го држи мечот Кардиф-Портсмут во 2008 година (89.874 гледачи).

Што се однесува до сите боксерски натпревари, Фјури и Вајт ќе го заземат шестото место кога станува збор за најголема посетеност на боксерски меч. Натпреварот од 1941 година помеѓу Тони Зале и Били Прајор сè уште има рекордна посетеност. 135.132 гледачи беа сведоци на борбата која се одржа во паркот Џуно во Милвоки. Од средбите од поновата историја вреди да се спомене борбата меѓу Хулио Цезар Чавез и Грег Хауген од 1993 година. Домаќин на овој меч беше Естадио Ацтека во Мексико Сити, а тој ден беа присутни 132.274 гледачи.

Капацитетот на денешните стадиони е нешто помал од порано, главно поради подобрените безбедносни услови и построгите прописи. Фјури и Вајт нема да го соборат рекордот на Зале и Прајор, туку ќе ја испишат историјата на Вембли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON