Ни делат два месеци од историската борба за апсолутен шампион во тешка категорија. Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, на 18 мај рингот ќе го делат двајца непоразени шампиони, Британецот Тајсон Фјури (34-0-1, 24 КО) и Украинецот Александар Усик (21-0, 14 КО) .
Настанот е наречен „Огнен ринг“, а ќе се одржи во Кингдом арената. Фјури го сподели видеото на својот Инстаграм профил со порака дека почнува напорно да тренира. Фокусерите му ги држеше Боб Хауард, боксерски тренер на неговиот помлад брат Томи Фјури.
Camp well under way for the Gypsy King 🥊
🎥 @Tyson_Fury | #FuryUsyk | May 18 pic.twitter.com/c3qhvZbdS4
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) March 19, 2024
Во видеото можеме да го видиме неговото класично флуидно движење со делумно спуштен гард. Кога го победи Владимир Кличко во 2015 година тој беше класичен борец од дистанца, но кога Шугар Хил Стуард стана негов тренер, тој презеде малку поагресивен стил на борба. Токму тоа го покажа и во третата борба против Дионтеј Вајлдер кога го нокаутираше во 11. рунда.
Усик и натаму е најискусниот техничар со кој Фјури ќе се сретне во кариерата, а за очекување е да видиме еден вид „шах“, а не класична „тепачка“. Украинецот е сепак многу понизок и полесен, но ова е боксер кој покажа дека навистина може да се носи со боксери од 120 килограми.