Тајсон Фјури го заплашува Кличко: Див сум како животно!

Tajson Fjuri steganati zabi

Британскиот боксер Тајсон Фјури продолжува да му задава вербални крошеа на Владимир Кличко на малку повеќе од еден месец пред натпреварот меѓу нив за титулите во верзиите на ВБО, ВБА и ИБФ, кој ќе се одржи во Дизелдорф на 28 ноември.

„Кличко нека очекува во рингот едно диво животно! Ќе бидам како тигар, мечка, лав или што ќе посака. Не се сомневајте во моите зборови. Кога сум покажал слабост во големите мечеви? Владимир едноставно не мпже да претпостави што го чека“ изјави 26-годишниот Британец, кој се уште е бесен на одлуката на штабот на Кличко да го одложи мечот за еден месец поради здравствен проблем на Украинецот. Според луѓето околу Фјури, една е причината – страв од формата на Фјури.

Борбата со Кличко носи големи позитивни работи за Фјури, бидејќи, дури и да изгуби, тоа не се смета за срам. Самиот Кличко е на 39 години и е пред повлекување од рингот и, така, практични Фјури практично се качува на „последниот воз“ за средба со извиканиот ривал.

https://youtu.be/_KXiXkQloFA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON