Тајсон Фјури: Ентони, каде си, момче, доаѓам по тебе!

Тајсон Фјури се враќа во боксерскиот свет и има намера да остане што е можно подолго на сцената. 29-годишниот Британец доби право да се качи во рингот откако призна дека е виновен за употребата на стимуланси и наметнато ретроактивно казнување. Тој не се појави за неговиот случај пред на Британскиот боксерски одбор, но санкцијата сепак беше укината.

„Кралот на Циганите“ сега е слободен да се бори и да го оспори оној што сака, а тој го направи токму тоа. Фјури директно го посочи Ентони Џошуа и е амбициозен да му ги одземе светските титули на ВБА, ИБФ и ИБО.

Секако, ќе мора да застане во редот, иако, очигледно е, дека не е подготвен да го стори тоа.

„Погоди кој се врати. Ентони, каде си, момче, доаѓам за тебе, глупав. Никој повеќе не стои на мојот пат. Следната година ќе се вратам на она што можам да го правам најдобро од којбило друг. Подготвен сум да го земам она што ми припаѓа. Време е да започне државниот удар“, напиша Фјури на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/BcYM4IhjVkE/

Тајсон Фјури има 25 победи во 25 меча, но во рингот не е од ноември 2015 година, кога го совлада Владимир Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON