Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури беше прогласен за најдобар боксер за 2020 година на традиционалното издание на наградите ESPY. „Кралот на Ромите“ во изборот беше префериран пред Канело Алварез и Теофимо Лопез.
Церемонијата се одржа преку Интернет за време на викендот. Фјури ја зграпчи наградата откако го доби Дионтеј Вајлдер во седмата рунда во февруари минатата година. Тој стана првиот Британец по Ленокс Луис во 2002 година што добил такво признание.
Се очекуваше Тајсон да ја собере наградата за 2015 година, кога го победи Владимир Кличко на поени и ги зеде појасите. Наградата е втора за „Кралот на Ромите“, кој исто така беше избран за најдобар боксер од списанието „Ринг“.
Мечот со „Бронзениот бомабардер“ беше единствен за Фјури минатата година. На двајцата требаше да им се случи трет судир на 24 јули, но е одложен за октомври поради позитивниот тест на коронавирусот од страна на Британцот.