Тајсон Фјури би можел во декември да боксира против победникот од мечот меѓу Џошуа и Усик?

Британскиот боксер Тајсон Фјури во пресрет на неодамнешниот меч против Дилиен Вајт најави повлекување, а тоа го повтори откако го победи својот сонародник со нокаут и по вторпат ја одбрани титулата на ВБЦ во тешка категорија.

Но, тој може да го одложи повлекувањето за некое време.

Имено, во боксерските кругови почнаа да се шират информации дека Џипси Кинг треба да се бори на 17 декември во Саудиска Арабија против победникот од дуелот меѓу Александр Усик и Ентони Џошуа.

Украинскиот борец на 23 јули во Саудиска Арабија ќе го брани и шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија, кои го освои лани во септември со победата против Британцот.

Така, Фјури би се борел со победникот од тој меч за апсолутен светски шампион.

„Следните неколку дена ВБЦ ќе разговара со Тајсон Фјури и промотерите за неговата иднина. Што и да одлучи, ние ќе го поддржиме во тоа. Сакаме кога борците се пензионираат додека се во полна слава. Тој е непоразен шампион и финансиски се обезбеди. Ќе бидеме многу среќни и задоволни доколку пензијата е негова конечна одлука и целосно ќе го поддржиме во тоа. Секогаш ќе бидеме тука за него“, изјавија од ВБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON