За нешто повеќе од две недели Тајсон Фјури и Александар Усик ќе боксираат во Саудиска Арабија за обединување на појасите во тешка категорија.
Мегаборбата меѓу двајцата светски шампиони требаше да се одржи во февруари, но беше одложена откако Џипси кинг се повреди за време на спаринг.
Имено, на две недели пред тој дуел Фјури се здоби со расекотина над окото при спаринг сесија со Смакиќи.
За Усик многумина велат дека „нема цврсто тело“, а светскиот шампион во полутешка категорија Артур Бетербиев смета дека Фјури треба да го искористи тоа во нивната борба.
Бетербиев добро го знае тоа, бидејќи аматерски се бореше против Украинецот на Олимписките игри, а на прашањето дали Фјури треба да го таргетира телото на Усик, тој вели:
„Треба, но не исклучиво самото тело. Мора да комбинира, но понекогаш треба и таму да погоди. Но, тоа е тешка категорија и тука се е можно. Ќе биде добра борба, двајцата добро се подготвуваат“.
Последниот меч на Усик беше во август, кога го нокаутира Даниел Дубоа во деветата рунда, во борбата која повлече опашки поради нискиот удар со кој Британецот го погоди светскиот шампион.
А последниот неч на Фјури беше на крајот на октомври кога со подлена одлука го победи поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану. На тој меч Камерунецот еднаш го испрати Џипси кинг во нокдаун.
Усик сака да стане неприкосновен светски шампион во две тежински категории против Фјури, откако претходно ги имаше сите четири појаси во полутешка категорија.
Поранешниот светски шампион Лоренс Околи смета дека годините на Усик исто така може да бидат товар. Имено, 37-годишниот Украинец две години е постар од Фјури.
„Усик е многу добар боксер и прави многу работи добро, но мислам дека ќе биде тешко да се бори против некој што е поголем од него и кој има добри вештини како Фјури. Тој падна во стапицата во тешка категорија каде што многу се потпира на своето движење. А тој е неактивен подолго од Фјури“, изјави Лоренс Околи и додаде:
„Тој е фантастичен борец, но неговиот стил е тесно поврзан со неговата кондиција и способноста да се движи во рингот. Не знам како ќе изгледа во борба ако треба да го бара Фјури. Или ќе се сврти кон друга тактика и ќе му дозволи на Фјури да го бара. И возраста може да биде проблем. Усик сега има 37 години и сигурно не може да ја има истата сила во нозете во сите 12 рунди како на 29 години“.