Тајсон Фјури: Ако се откажам од боксот, ќе се пропијам

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Тајсон Фјури откри брутална работа за себе. Тој рече дека во животот нема ништо друго освен омилениот спорт.

„Сега сум 31 година. Планирам да продолжам да се борам до 51 година“, рече Фјури и додаде: „Ќе бидам како Арчи Мур. Што друго има во мојот живот? Ако се откажам од боксот, тогаш ќе се пропијам. Тренер или менаџер, не ми е интересно. Јас сум шоумен. Луѓето сакаат да ме гледаат. Кои се моите планови? Сакам да се борам со Вајлдер. Потоа ќе направам меч со шампионот во УФЦ“.

Следниот меч на Фјури е средбата со Дионтеј Вајлдер. Реваншот ќе се одржи на 22 февруари во Лас Вегас. Првата средба заврши нерешено.

https://www.youtube.com/watch?v=nIxkV_x-maw&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON