Шампионот на УФЦ во средна категорија, Тајрон Вудли, следната недела ќе почне со ММА тренинзите со боксерската легенда Флојд Мејведер – Јуниор.
Се очекува да работат заедно со месеци. Мејдетер има намера да се бори во УФЦ, односно да направи реванш меч со Конор Мек Грегор, но овој пат во октагонот и тоа по специфични правила.
„Да, јас ќе го тренирам Флојд Мејведер. Зборував со него. Тој беше во Сингапур пред неколку дена. Кога ќе се врати следната недела, ќе почнеме да тренираме“, изјави Вудли за Дејли експрес.
.