Актуелниот шампион во полусредна категорија на УФЦ, Тајрон Вудли, ќе ја брани титулата против Стефен Томпсон на УФЦ 205 на 12 ноември во Њујорк.
За подготовките пред оваа важна битка, Вудли ја повикал младата ѕвезда Сејџ Норткат за да ја имитира техниката на борба на Томпсон. Според шампионот, „Супер“ е подобра верзија на Томпсон.
„Тоа се млади момчиња, човече. Постарите ММА борци се изненадуваат од нив, бидејќи доаѓаат со нови трикови“, истакна Вудли и додаде: „Работам со Сејџ. Тој има сличен стил како мојот противник“.
20-годишниот Норткат влезе со страшен бум во ММА, забележувајќи скор од 3-1.
„Според мене, тој е малку побрз и има повеќе сила во ударите. Одбраната од уривање исто така му е подобра. Тој треба да е посилен, затоа тренирам со подобра верзија на она против кое ќе се сретнам“, рече Вудли за спаринг партнерот.