Тајрон Вудли сите пари ги потрошил на расипнички живот

Поранешниот шампион во УФЦ во лесна категорија, Тајрон Вудли призна дека потрошил еден куп пари додека живеел како носител на титулата.

Вудли беше шампион помеѓу јули 2016 и март 2019 година. Во интервју кај Ариел Хелвани, борбениот спортист признава дека водел расипнички живот додека бил шампион, во кој спаѓаат и купување на седум автомобили и две куќи.

„Потрошив многу пари, човек. Многу. Многу пари. Накит, ВИП и што и да е … сето ова доаѓа со шампионскиот начин на живот. Ако потекнуваш од каде што потекнувам, никогаш не си сонувал дека би направил толку многу пари. Никогаш не мислев дека ќе бидам во таа позиција. Работев напорно и не стигнав таму случајно, но никој не ме научи за правилно управување со моите финансии“, призна Вудли.

„Ме научија дека 1 + 1 се 2. Тоа е математика. Не се финансии. Не се богатство, не се инвестира, не се штеди. Тоа за мене беше да заработам пари и да ги потрошам. Кога растев чековите на мајка ми се трошеа уште пред да пристигнат. Таа се обидуваше да открие кои сметки за домаќинства може да си ги платиме овој месец, а кои не можеме. Како дете, не сфатив дека не е нормално, мислев дека сите го прават тоа.

Па што се случи кога почнав да заработувам пари? Купив седум автомобили и две ебани куќи и патував многу. И не дозволував никој да ја плати сметката кога ќе отидовме во ресторан. И одевме 10-15 луѓе. Ссекогаш одев во ВИП-клубови – секоја недела. Си замислував дека долго време ќе заработам толку многу пари. Но, тогаш многу брзо дојде март и „Пуф!“ Работите се различни. Ова е лекција што ја научив“.

Вудли не е еден од оние спортисти кои ги потрошија своите пари до последниот денар, секако, но тој дефинитивно ја научи лекцијата.

Добро е што поранешниот шампион ги сподели своите животни искуства кои ќе послужат како предупредување за сегашните шампиони, а не само за нив…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО