Во ноември тргнаа гласините дека шампионот во полусредна категорија Тајрон Вудли се подготвува за средба со Нејт Дијаз на УФЦ 219. Но, Дана Вајт набрзина ги негираше гласините.
Неколку месеци подоцна, повторно зборуваме за ова, бидејќи овој пат Вудли ја заложува својата куќа дека следниот противник ќе му биде Нејт:
„Мислам дека нашата средба ќе се одржи оваа година, многу поголема е веројатноста да се случи отколку што мислат луѓето”.
Се разбира, познато е дека за Нејт од најголема важност е хонорарот, а УФЦ не сака да го одврзе ќесето:
„Се зборува со Нејт да се бориме во јули. Од УФЦ му ја понудија средбата. Само треба да го убедат. Верувам дека ќе се борам со Нејт оваа година и така ќе го истакнам враќањето во октагонот. Ако треба дури и ќе се обложам на куќата, дека тој ќе биде мојот следен противник“.
Сепак, Вудли ги негираше сите гласини дека Нејт ќе го спасува УФЦ 222, кој во моментов се опоравува од операцијата:
„По 4 недели? Не, нема да се бориме тогаш. Ако ќе влегуваме во битка, ќе треба да е за мојата титула. Ако нема да се борам за појасот, подобро е да правам нешто друго“.
Нејт неколку пати го навестуваше неговото враќање, а Вајт, потврдува дека му се предлагани средби, кои ги одбивал. Сепак, Тајрон се потпира на фактот дека ако УФЦ му понуди добра сума на Дијаз, тој ќе го потпише договорот. Тој, исто така, не верува дека работите ќе завршат добро за единствениот борец кој го совлдал Конор Ме Ггрегор во октагонот:
„Дали ќе се бори со мене? Да, за соодветни пари … Ќе биде ли добра средба за него? Не, многу побрз сум. Удирам посилно. Можам да го совлдам. Тој нема да успее. Работите нема да завршат добро за него, па УФЦ ќе мора тоа да му го домести со пари“.