Тај Туиваса и Жуниор Дош Сантос во главната борба на австралискиот Фајт најт

Се чини дека УФЦ успеа да ја договори планираната борба меѓу Жуниор Дош Сантос и Тај Туиваса, но не во Кина, како што беше првобитно планирано. Наместо тоа, овие тешкаши ќе го предводат настанот на домашен терен кај Туиваса во Австралија.

Во прашање е УФЦ Фајт најт 142, кој се одржува на 2 декември во Аделаида, а веќе некое време се споменуваше дека Туиваса ќе настапи во главната борба на тој настан, откако УФЦ не успеа да го спари со некој во Кина. Тука го спарија со борец кој го одби споменатиот настан во Пекинг, но веднаш рече дека ќе прифати борба каде што ќе бидат подобри условите за него, пред се мислејќи на оние финансиски.

За 25-годишниот Туиваса (8-0, 3-0 УФЦ), секако,тоа е најголемата и најважната борба на кариерата, а талентираниот Австралиец со настапот би требало да потврди во моментов во кој стадиум е на кариерата. Ако успее да го победи Дош Сантос, никој не би се сомневал дали има квалитет да ја нападне титулата, откако веќе се претстави како најголем тешкашки потенцијал. Неговата најголема победа е над Андреј Арловски во својот последен настап на настанот во јуни на УФЦ 225.

Жуниор Дош Сантос (19-5, 13-4 УФЦ) се врати во средината минатиот месец откако не настапуваше година и пол, односно по поразот за титулата во борбата против Стипе Миочиќ. Направи феноменална борба против Благој Иванов, кој доминираше во пет рунди, целосно успеа да ја наврти борбата „на својата воденица“. Неодамна изјави дека верува дека е на една победа до новиот напад на титулата, а исто така откри и дека голема желба му е да направи трета борба против Стипе Миочиќ.

На последното рангирање на УФЦ, Туивас е десети, а Дош Сантос е седми тешкаш во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON