Тај Емери од БКФЦ: Мочам крв, но сепак тренирам

Амбициозната натпреварувачка на БКФЦ, Тај Емери, учествуваше во сообраќајна несреќа во Пукет, Тајланд.

Поттикната од жестоката желба да го импресионира својот сегашен тренер, искусен ветеран од Дагестан, кој тренирал луѓе како Хабиб Нурмагомедов, Емери направи огромни напори за да ја скрие штетата предизвикана од несреќата.

Очигледна е непоколебливата посветеност на Емери кон нејзините цели. 36-годишната натпреварувачка во мува категорија има скорд од 1-1 во БКФЦ. Таа се подготвува за претстојната лондонска борбена карта на 30 септември.

За да ги избруси боречките вештини Емери тренира заедно со боксерската икона и креаторот на Онлифанс, Ебани Бриџис. Во интервју за Дејли стар спорт Емери зборува за несреќата поради која моча крв, но сепак тренира.

„Го имам еден од најдобрите тренери во светот. Магомед Гаџиев е дагестански скриен скапоцен камен. Тој ги тренираше поранешните ѕвезди на УФЦ Хабиб Нурмагомедов и Забит Магомедшарипов. Ги тренираше сите овие момци од Дагестан.

Го возев моторот во Пукет, а потоа некој ме удри одзади. Се лизнав на патот и си ја повредив раката. Мочам крв по оваа случка. Имам многу оштетувања и на грбот. Облеков долги панталони за да ја сокријам штетата.

Оваа случка ја криев бидејќи знам дека ако дознаеше Магомед, тогаш ќе ме пратеше дома и немаше да тренираме“, изјави Емери.

Тај последен пат загуби од Чисакан на крајот на 2022 година на БКФЦ во Тајланд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAI EMERY (@tai_emery)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON