Таи Туиваса се бори на 9 септември против Александар Волков

Најголемата светска ММА организација се договори за нова интересна борба во тешка категорија.

Таи Туиваса (15-5) ќе се бори со Александар Волков на 9 септември во арената „Кудос банка“ во Сиднеј.

Австралиецот се враќа во октагонот по поразите од Сирил Гане и Сергеј Павлович, но претходно имаше пет победи во низа (Штефан Струве, Хари Хунсукер, Грег Харди, Аугусто Сакаи и Дерик Луис).

И рускиот борец ја фати формата и освои две убедливи победи во последните два настапи, победувајќи ги Жаирзињо Розенструик и Александар Романов со прекини во првата рунда.

За настанот во Австралија се договорени натпревари меѓу Вивиана Араухо и Кејси О’Нил, Да-ун Јунг и Карлос Улберг и Манел Кап и Каи Кара-Франс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON