Таи Туиваса е речиси девет килограми потежок од Сирил Гане пред саботниот меч во Париз

Судирот меѓу Таи Туивасa и Сирил Гане е водечки на настанот УФЦ Фајт најт 209 во сабота во Париз.

Тоа ќе биде меч во тешка категорија во кој Туиваса влегува речиси девет килограми потежок од Гане.

Имено, Австралиецот пристигна на мерењето со 120,7 килограми, додека вагата на францускиот борец покажа 112 килограми.

Таи има серија од пет победнички борби и моментално е рангиран како треторангиран предизвикувач на УФЦ во тешка категорија.

Бам Бам сукцесивно ги нокаутираше Стефан Струве, Хари Хунсукер, Грег Харди, Август Сакаи, а во февруари го победи Дерик Луис со нокаут во втората рунда.

Последната борба Гане ја имаше во јануари кога загуби од шампионот Френсис Нгану во борба за титулата. Тоа беше прв пораз во кариерата на Французинот по десет победи во низа.

Во конасловната борба ќе учествуваат Роберт Витакер и Марвин Ветори кои на мерењето пристигнаа со иста тежина, двајцата беа тешки 84,4 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON