Таи Туиваса договори меч против Сергеј Павлович

Австралискиот ММА борец Таи Туиваса (14-4) загуби од Сирил Гане со нокаут на почетокот на септември, а сега веќе договори нов дуел.

Бам Бам ќе се бори со Русинот Сергеј Павлович (16-1) на 3 декември на настанот УФЦ на ЕСПН 42, кој треба да го предводи борбата меѓу Стивен Томпсон и Кевин Холанд.

Австралиецот до мечот против Гане имаше пет победи во низа и беше во голем наплив, но мечот против Французинот покажа дека се уште не е подготвен да го нападне самиот врв на УФЦ во тешката категорија, без разлика на тоа што во февруари го нокаутира Дерик Луис.

Павлович е во победничка серија од четири борби, откако неговиот единствен пораз во кариерата беше во дебито во УФЦ против Алистер Оверем во ноември пред четири години.

Рускиот борец последен меч цво јули со прекин го победи Дерик Луис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON