Утре во Скопје за прв пат ќе се одржи таеквондо куп „Трофеј на Скопје“ во организација на ТК Дилени од Илинден, Скопје.
Натпреварите ќе бидат во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција.
„Целта на „Трофеј на Скопје“ е да се популаризира и развива таеквондото“, вели Ацо Атанасов, основополжникот на македонското таеквондо и организатор на турнирот.
За турнирот се пријавени 255 натпреварувачи од 9 земји.
ipon.mk/В.Д.