Таеквондо репрезентацијата на камп-семинар кај Хади Мостеан (ФОТО)

Сениорската таеквондо репрезентација, како и дел од јуниорската и кадетската, се на 4-дневен камп во Србија, како последна подготовка на сениорскиот таеквондо тим пред големите натпррувања што ја очекуваат нашата репрезентација.

Семинарот го води Хади Мостеан, кој беше втор на Светското првенство во 2013 година и е еден од најголемите стручњаци на светот во овој олимписки спорт, а учествуваат таеквондисти од Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Иран..

Мостеан истакнал дека најдобар поединец на семинарот е нашиот репрезентативец Филип Додевски, актуелен јуниорски и балкаснки шампион, а за Дејан Георгиевски нагласил дека допрва светското таеквондо ќе слуша за него. Според овој стручњак, Георгиевски кој освои бронза на Европско првенство за млади сениори дека има сериозни квалитети за настап на Олимписките игри во Токио 2020.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО