Таеквондо репрезентативците заминаа во Софија по олимписка норма

Во Софија од 7 до 9 мај се одржуваат квалификации за Олимписките игри во Токио, а во секоја категорија само двајцата финалисти обезбедуваат олимписка норма и патуваат во престолнината на Јапонија.

Селектрот д-р Борче Костовски и помошниот тренер Дарко Костовски, како водачи на макеоднската делегација на овие олимписки квалификации ги одредија следнит репрезентативци:

Дејан Георгиевски (+80 кг) – сениорски европски шампион во 2017 година и носител на сребрен медал од Европското првенство во 2020 година;

Филип Додевски (-80 кг) – европски шампион на Европско клупско првенство во 2018 година и бронзен медалист од Европско првенство до 21 година во 2019 година;

Анамарија Георгиевска (-67 кг) – бронзен медалист од Светско јуниорско првенство во 2018 година.

„Конкуренцијата е пеколна, кај Георгиевски се актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан, поранешниот светски шампион Арман Сила од Белорусија. Кај Додевски во конкуренција е актуелниот светски шампион Симеоне Алесио од Италија“, истакнуваат од Македоснката таеквонодо федерација и додаваат:

„Сепак нашиот репрезентативен тим е високо квалитетен и докажан, врвните резулати во овој олимписки спорт кои ги постигнавме во минатото ни даваат за право да се бориме за олимписка норма и вистински да ја израдуваме македонската јавност.

Нашите репрезентативци се чуствуваат одлично, имавме подготовки интезивни 6 месеци со посебен фокус на овие олимписки квалификации“.

Филип Додевски и Анамарија Георгиевска ќе настапат на 7 мај, додека Дејан Георгиевски ќе настапи на 8 мај.

„Тука дојдовме по успех, со Господ напред!“, истакнуваат од МТФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON