Таеквондо репрезентативците го одбележаа „Илинден“ во Охрид (ФОТО)

Македонската таеквондо федерација (МТФ) која се наоѓа на десетдневен тренинг камп подготовки „Охрид 2020“ за репрезентативните национални тимови во сите возрасни селекции вчера го одбележа националниот празник Илинден со подигање на знамето и интонирање на македонската химна.

„Илинден е денот кој не прави посебно горди како народ, на овој свет ден ден македонскиот народ покажал дека е спремен да се жртвува за доброто на татковина. Денеска македонската таеквондо репрезентација се поклони на македонската химна и македонското знаме во чест на сите паднати борци за нашата денешна скапоцена слобода. Младите, идните генерации треба да растат заедно со Македонија, особено тоа треба да го прават спортистите затоа што половина успех на еден врвен спортист е мотивот кој доаѓа од љубовта кон татковина чии бои ги брани“, истакнуваат од МТФ.

Да потсетиме дека на тренинг кампот учествуваат тренерите и најдобрите натпреварувачи (репрезентативци) од клубовите на МТФ: ТК Хваранг Фист Охрид, ТК Корио, ТК Бутел, ТК Кобра, ТК Тигри, ТК Борец, ТК Годел, ТК Илинден со 30 репрезентативци кои во минатите две натпреварувачки години остварија успешни резултати.

Кампот го предводат европскиот шампион Дејан Георгиевски, европскиот медалист Филип Додевски, светскиот медалист Анамарија Георгиевски, сениорските балкански шампиони Коки Георгиевски и Марко Стевиќ, се поуспешните и надежни Мила Релјиќ, Дамјан Трајковски, Филип Стаменов, Филип Јосифовски, Марко Аврамовски, Фросина Рајковска, Дебора Брњарчевиќ и други. Кампот се одржува во Охрид од 28 јули до 7 август.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО