Таеквондо клубот „HWA RANG ITF“ освои девет медали на „Прњавор 2015“!

Taekvondo vo Bosna

Таеквондо-клубот „HWA RANG ITF“ од Охрид се врати со девет медали од Меѓународниот таеквондо-ИТФ турнир „Прњавор 2015“ кој се одржа од 14 до 15 март во Босна и Херцеговина.

Миле Димитријевиќ  и Миле Климоски освоија по еден сребрен и еден бронзен медал, a Климент Кузмановски , Емилија Спироска, Христијан Митрески , Антонио Јанески  и Христина Митреска се закитија со бронзени медали.

Според охриѓани, турнирот во БиХ е еден од најпрестижните натпреварувања од овој спорт во регионот, а на него покрај од домаќинот БиХ и Македонија учестваа клубови од Србија, Хрватска, Унгарија, Грција, Австрија, Словенија, Бугарија и Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON