Таеквондистката Христијана Парулеска е добитник на Повелбата ,,Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“.
Покрај Парулеска Повелбата ја добија Интернационалниот поетски фестивал „Поетска ноќ во Велестово” и постхумно на Леонора Чекреџи.
Проф. д-р Јордан Плевнеш е годинашен добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2023 година.
Да потсетиме, Христијана Парулеска освои бронзен медал во борби (14-15 години) на Светското првенство во традиционално таеквондо (ИТФ) во Астана, Казахстан.
Повредата на задната ложа на десната нога во полуфионалето ја оневозможи нашата репрезентативка да се бори во финалето.
Резултати на Христијана Парулеска во 2023 година:
Пехар за најдобра кадетка 11-13 години во Европа, Јесоло, Италија 2023
Златен медал за кадетки 11-13 години во спаринг (борби) -50 кг, Јесоло, Италија 2023
Сребрен медал за кадетки 11-13 години во форми (борба со замислен противник) за црн појас 1 дан, Јесоло, Италија 2023
Бронзен медал за јуниори (14-15 години) во борби -55кг на СП во Астана, Казахстан 2023
Фото: ФБ Општина Охрид