Сребрен медал за Стефан Стојановиќ на Младинската светска карате лига во Венеција (ФОТО)

Каратистот на Макпетрол Стефан Стојановиќ го освои сребрениот медал Карате 1 Младинска лига во Венеција, Италија . Во финалето Стојановиќ загуби минимално 0-1 со Данил Касијанов од Украина, но свој придонес имале и судиите.

Како што не информираа, на Стефан трипати поен не му давале, односно кревале по едно знаме.

Сепак, ова е голем успех за нашиот млад тешкаш.

Претходно Стојановиќ (+84 кг, У-21) забележа четири победи.

Данило Божовиќ во репасажот забележа победа и пораз, така го освои 7-тото место. Јована Мицовска извојува две победи во репасажот и беше на чекор да се бори за бронзениот медал, но загуби од Хрватката Ирис Ковач 0-5, со што го освои 7-мото место.

Витомир Трајковски забележа три победи, а во четвртата загуби минимално 0-1 од Михаил Бугајов од Украина.

На турнирот се пријавени 4021 каратист со 4133 натпреварувачки влезови од 81 држава.

„Задоволни сме од настапот на сите каратисти од тимот на „Макпетрол”, успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на 7 -мото место. Успеавме да го продолжиме континуитетот на освојување на медали од најелитните карате натпревари. Ова е вкупно 47-ми медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција. Во Венеција направивме одлична контрола и годината ја завршуваме со освоен светски медал, исто како и што ја започнавме со медал од Светската премиер карате лига во Атина“, заврши Заборски.

Резултати – Карате 1 Младинска лига Венција У-21:

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Михаил Бистричанов (Бугарија) 2-0
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 3-2
Стефан Стојановиќ – Жоакин Маркез Санчез (Венцуела) 1-0
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 2-1
Финале
Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина) 0-1

Данило Божовиќ – Светлин Занков (Бугарија) 5-1
Данило Божовиќ – Данил Касијанов (Украина) 0-1
Репасаж
Данило Божовиќ – Антонио Ијадареста (Италија) 1-0
Данило Божовиќ – Набил Беласри (Франција) 3-5

67 кг
Димитар Лозановски – Хамза Џабер-Раис (Белгија) 2-1

-84 кг
Витомир Трајковски – Буаза Беласри (Франција) 9-1
Витомир Трајковски – Лоренцо Бисол (Италија) 5-1
Витомир Трајковски – Симон Приевозник (Словачка) 2-1
Витомир Трајковски – Максим Бухајов (Украина) 0-1

-61 кг
Јована Мицовска – Емина Шиповиќ (БиХ) 2-4
Репасаж
Јована Мицовска – Мартина Алтисимо (Италија) 4-0
Јована Мицовска – Ноелија Грау (Шпанија) 3-2
Јована Мицовска – Ирис Ковач (Хрватска) 0-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО