Таеквондистите од МТТФ викендов ќе настапат на „Бугарија опен“ и „Корча опен“

Македонска традиционална таеквон-до федерација викендов ќе настапи на два меѓународни натпревари „Бугарија опен 2023“ во Пловдив и „Корча опен 2023“ во Албанија.

„Бугарија опен 2023″ во Пловдив е најјак натпревар во регионов на кој се пријавени над 700 натпреварувачи. Христијана Парулеска, која поради повреда сеуште не се натпреварува, ќе да ја дели правдата која е поканета од страна на Бугарската ИТФ.

На овај натпревар МТТФ ќе настапи со 5 натпреварувачи, од кои 4 се „Хва ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид и 1 натпреварувач од ТК Сонкал од Мислешево, Струга.

На Корча опен, под водство на националниот селектор Саша Поповски, ќе настапат 27 натпреварувачи од сите клубови и двајца судии, Божидар Димитриевиќ и Софија Колушоска.

„Се надевам дека нашите натпреварувачи, иако се истрошени поради учеството на три силни натпревари, ќе дадат се од себе  и ќе не израдуваат со успех со кој ќе се гордееме сите“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски кој ќе ги води нашите натпреварувачи на Бугарија опен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON