Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир А класа „Србија Опен 2022“ во Нови Сад, Србија, освоија 16 медали – 5 златни, 3 сребрени и 8 бронзени.
Освојувачи на медали се:
– Христијана Парулеска
1 место (злато) борби -45 кг. женски кадети 12-13 години
-Елена Јанеска
1 место (злато) борби -70 кг. женски јуниори 16-17 години 2 место (сребро) борби +70 кг. женски јуниори 16-17 години
-Давид Крстески
1 место (злато) борби -60 кг. јуниори 14-15 години
-Бојана Китаноска
1 место (злато) борби -30 кг. девојчиња 8-19години
-Анастасија Чулческа
1 место (злато) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години 3 место (бронза) борби -50 кг. женски кадети 12-13 години
-Теодора Тодороска
2 место (сребро) форми жолт појас , женски кадети 12-13 години
-Климент Богоески
2 место (сребро) борби, -60 кг. кадети 12-13 години
-Божидар Димитриевиќ
3 место (бронза) борби -92 кг,сениори 18-39 години 3 место (бронза) форми црн појас I дан,сениори 18-39 години
-Давид Велковски
3 место (бронза) борби -71кг,сениори 18-39 години 3 место (бронза) форми црн појас I дан,сениори 18-39 години
-Давид Ристески
3 место (бронза) форми жолт појас, деца 10-11 години
-Марио Крстески
3 место (бронза) борби -57 кг, јуниори 16-17 години 3 место (бронза) форми црвен појас, јуниори 16-17 години
На турнирот учествуваа околу 350 натпреварувачи од 42 клубови од 12 земји, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија, БиХ, Австрија, Унгарија, Романија,Чешка, Молдавија и Македонија.
Искусните натпреварувачи Христијана Парулеска, Елена Јанеска , Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ делеа правда , а истотака и се натпреваруваа.
„На овај престижен натпревар, како што доликува на европски вицешампиони, Давид Крстески, Христијана Парулеска и Елена Јанеска, се закитија со златни медали во борби. Елена Јанеска си ја проба среќата и во потешка категорија +70 кг јуниорки 16-17 години, каде се закити со сребрен медал. За жал, ја победија судиите во финалето.
Давид Крстески, Христијана Парулеска, Елена Јанеска го покажаа нивниот врвен квалитет, а покрај нив и некои помлади натпреварувачи напаравија одлични успеси, од кои можеме да ги издвоиме, Бојана Китановска, Анастасија Чулческа,Климент Богоески, Теодора Тодороска“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски, при што најави дека 5 ноември ќе учествуваат на Меѓународниот турнир „Дубровник опен 2022“ во Хрватска.