Агентот на Динотеј Вајлдер реагираше како да е зачуден од информацијата дека третиот меч меѓу „Бронзениот бомбардер“ и Тајсон Фјури за титулата на ВБЦ нема да се одржи.
Менаџерот на Американецот Шели Финкел категорично негираше дека истекла клаузулата за активирање на мечот и инсистираше на тоа дека ќе има средба во декември.
„Едноставно не е точно. Дионтеј Вајлдер во декември ќе се бори против Тајсон Фјури. Работиме на дуелот. Наскоро ќе има повеќе информации“, рече 76-годишниот промотор ексклузивно за worldboxingnews.net.
Еди Херн неодамна призна дека испратил договор до штабот на Тајсон Фјури за броба со Ентони Џошуа во случај „Кралот на Ромите“ да не се бори со Вајлдер до крајот на 2020 година.
„Фјури против Џошуа е многу амбициозен меч за сите вклучени во него. Сакаме да разговараме за ова, но прво мора да си ја завршиме својата работа, која за Еј Џеј е Кубрат Пулев, а за Фјури – Дионтеј Вајлдер. Убеден сум дека во 2021 година ќе видиме две варијанти на овој меч. Близу сме до договор со Боб Арум. Сè уште не сме го сториле тоа, но сите разговори се позитивни. Имаме многу работа со пандемијата, се обидуваме да го одржиме боксот во живот, но сигурен сум дека ќе ги видиме лице в лице во 2021 година“, изјави Херн за Скај спорт пред еден месец.