Александар Поветкин е во изолација во московската клиника откако даде позитивен тест на коронавирусот.
Рускиот боксер требаше да се соочи со Дилиен Вајт следниот месец, но нивниот меч беше одложен за 2021 година поради неговата состојба. Персоналот на Поветкин даде малку повеќе информации за тоа што му се случуваше, а се покажа дека и друг член на неговиот тим е болен.
„Поветкин е заразен со коронавирус, има висока температура. Постои уште една личност од неговиот персонал која има позитивен тест. Преземени се сите мерки. Секој, вклучително и Поветкин, е во изолација“, рече неговиот промотор Андреј Рјабински.
Претседателот на Светскиот боксерски совет Маурицио Сулејман ги увери навивачите на Поветкин дека одложувањето на мечот со Дилиен Вајт нема да го чини привремената титула на ВБЦ.
„Александар Поветкин ќе го задржи својот статус на официјален предизвикувач за појасот“, рече Сулејман.