Ислам Махачев се потврди како наследник на Хабиб во октомври минатата година. Дагестанскиот борец заседна на тронот на УФЦ во лесна категорија по доминацијата на Чарлс Оливеира.
На настанот УФЦ 280 Махачев го победи Бронкс со завршница во втората рунда и со тоа стигна до својата 11-та победа во низа.
Дагестанецот следниот месец првпат ќе го брани појасот, а противник ќе му биде шампионот во перо категорија Александар Волкановски.
Нивниот меч на 12 февруари во Перт ќе биде главен на настанот УФЦ 284.
И, како добро загревање пред претстојниот настан, најголемата светска ММА промоција објави видео од мечот меѓу Ислам Махачев и Чарлс Оливеира.
https://www.youtube.com/watch?v=drRNlyD-bIE&embeds_euri=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title