Светското таеквондо федерација ја покажа иднината – виртуелен спаринг (ВИДЕО)

Светската олимписка таеквондо федерација го претстави својот најнов заеднички проект со гејмерската компанија Refract Technologies.

Ова е нов револуционерен производ наречен виртуелен спаринг.

Овој концепт користи сензори кои го следат движењето на човечкото тело во реално време, со што боречката вештина се претвора во контакт-спорт со виртуелен натпревар.

Телото на поединецот станува џојстик, така што нивните удари со нозе и со раце се целосно имитирани во виртуелната реалност, каде што треба да го совладаат аватарот на друг вистински противник.

Со елиминација на физичкиот аспект и можни повреди, виртуелноит спаринг на таеквондо создава комплетно нови можности за вежбање и перцепција на дисциплината. Исто така, ја преминува границата помеѓу мажи и жени, различните категории и вештини.

Светската федерација објави дека се надева дека ќе го одржи првиот ваков натпревар во 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON