Од 15-25 септември Скопје ќе биде домаќин на 31. Светското првенство во борење и ќе угости преку 363 официјални лица од 35 држави во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
За два месеци во главниот град ќе се соберат најдобрите борачи од светот на Светското првенство за припадници на воените сили во слободен стил, грчко-римски и женско борење. Ќе настапат 259 борачи, меѓу кои има многу освојувачи на медали од светските и континенталните првенства.
Покрај борачите учетсво ќе земат 26 судии, 40 шефови на воени мисии, 5 претставници на НАТО од Брисел и 1 претставник на Светската боречка федерација.
Нашето Министерство за одбрана и Генералшатбот на АРМ се главни покровители на СП поддржани од Владата и Агенцијата за млади и спорт, додека техничката организација е на Федерацијата за боречки спортови на Македонија и Сојузот на спорстки федерации на Македонија.
Голема поддршка на првенството даваат министерот Зоран Јолевски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристовска.
Земји учесници на СП се: Бразил со 32 борачи, САД 21, Русија 26, Полска 27, Индија 26, Ј.Кореа 24, Словачка 12, Грузија 4, Финска 9, Пакистан 7, Естонија 4, латвија 3, Тунис 10, Азербејџан 12, Турција 4, Казахстан 7, Бугарија 4, Словенија 4, Романија 5, Белорусија 10, Украина 9, Кина 12, Египет 5, бахреин 5, Еквадор 7, Швајцарија 5, Франција 4, Германија 4, Чешка 5, Мексико 5, Аргентина 9, Шведска 5 и Македонија 22.
Последен рок за пријавување е 16 август.
Ipon.mk/В.Д.