Златната треска ја отвори Ненад Манојловски во категоријата до 69 килограми во кик-лајт, на татамито на најголемата сала во регионов славешеее против Турчинот Искендер Челеби во динамична борба, со многу удари, контраудари, но извонредниот финиш придонесе судиите да му ја доделат победата на македонскиот кик-боксер.
Веднаш по него, на истото татами, настапи и двократниот светски првак, неготинецот Димитар Георгиев, во дуелот против Полјакот Јержи Вроски, во категоријата до 74 кг (кик-лајт). Мечот прилично доцнеше, и иако двајцата тактизира, сепак победата му припадна на нашиот репрезентативец, со што е меѓу ретките што освоиле три светски титули едноподруго.
Претходно, Стефани Тодорова освои бронзен медал во дисциплионата кик-лајт (до 60 кг). со што го заокружи успешниот настап на 20. ВАКО Светското сениорско првенство во кик-бокс.
Шлагот дојде на самиот крај кога Ненад Манојловски беше прогласен за спортист на татами. Тоа значи најдобар, најфер, најдобар техничар, спортист со големо срце.
ipon.mk/В.Д.