Мечот за обединување на две од светските титули во суперперо категорија треба за неколку дена и официјално да биде објавен.
Станува збор за средбата на шампионот на ВБО, Шакур Стивенсон и освојувачот на појасот на ВБЦ, Оскар Валдез. Двата табора веќе подолго време се во преговори, а голем број американски медиуми објавија дека е постигнат договор за 30 април во Лас Вегас, САД.
Валдес (31) не се борел од септември кога го победи Бразилецот Робсон Консеисао со многу контроверзна судиска одлука. Мексиканецот победи со едногласна одлука што поттикна многу љубители на боксот да се побунат за искреноста на оваа одлука.
Стивенсон (24) ја освои титулата на Светската боксерска организација во октомври кога го победи Џамел Херинг со ТКО во 10-тата рунда.