Светските прваци на прием кај Коце Трајановски

priem_so_kik-bokseri_2015_2

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вчера ја прими Македонската кик бокс репрезентација Ненад Манојловски, Димитар Ѓорѓиев и Стефани Тодорова, како и претседателката на Федерацијата, Александра Неделковска, селекторот Дејан Митровски и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски.

priem_so_kik-bokseri_2015_3

Македонските кикбоксери Ненад Манојловски, Димитар Ѓорѓиев и Стефани Тодорова, постигнаа извонредни резултати во категоријата кик-лајт, освојувајќи два златни и еден бронзен медал во конкуренција на 669 натпреварувачи од 52 земји. Репрезентативецот Ненад Манојловски на Светското првенство во Белград ја доби и наградата за „најдобар борец“ на татами, а Димитар Ѓорѓиев трет пат по ред е светски шампион во својата категорија.

Градоначалникот им го честиташе огромниот успех и им пожела и во иднина да ги продолжат одличните настапи и да освојуваат уште многу златни медали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON