Џудо медали за борачите на турнирот „Андонов-Колев во Кочани

Dzudo medalot na borenje vo kocani

Иако Меморијалниот турнир во борење „Андонов-Колев“ во Кочани во натпреварувачка и орагнизациска смисла помина добро, сепак еден гаф фрли сенка на настанот. Имено, свечено беа поделени медалите на победниците и секоја чест за тоа, но тие беа со апликација за џудо.

Поради овој пропуст добитниците, односно борачите, цел живот ќе мора да објаснуваат зошто имаат џудо медал во нивната колекција, а се натпреварувале во борење.

Како што пишува порталот комарец.мк, организаторот преку ФБСМ набавил медали, за кои добил и фактура, а победниците наместо медали со жиг од борење добија со жиг од џудо.

 Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО