Вчера во Скопје се одржа Државното првенство за сениори во кик бокс за дисциплините на татами, во организација на клубот ,,Скопје“ од Скопје, а од првенство.
Светските шампиони Ненад Манојловски и Димитар Ѓорѓиев со својата техника ја
воодушевија присутната публика и ги освоија првите места во своите категории.
Победници:
кик лајт
-60 кг Стефани Тодорова Фајт Тим Скопје
-63 кг Виктор Дуковски Фајт тим Скопје
-69 кг Ненад Манојловски Шампион -Скопје
-74 кг Елвир Нуредини Сен Сеи -Гостивар
-79 кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор –Неготино
-84 кг Гоце Цунгуровски Гладијатор- Штип
-89 кг Филип Наковски Куманово 2006
+ 94 кг Димков Зоран Будо-Кавадарци
Лајт контакт
-89 кг Дарко Гоцевски Гладијатор- Штип
Организацијата на Првенството доби високи оценки од претседателот на Комисијата, Љупчо Стојчевски, на кое учествуваа 67 спортисти од 15 клуба.
Првенството го отвори претседателот на КБФМ, Александра Неделковска, а присутната публика во салата во Радишани имаше задоволство да ужива во квалитетните борби кои беа одлик на целото првенство.
Следното државно првенство е закажано за кадетите и јуниорите, а ќе се одржи на 2 април.
Ipon.mk/В.Д.