Светскиот шампион во К-1, Чингис Алазов ќе се бори во ОНЕ Шампионатот

„ОНЕ Шампионатот“ ги засили своите редови со уште една ѕвезда. Во вторникот (14 јануари), азискиот борбен синџир објави дека двократниот светски шампион во К-1, Чингис Алазов, дека сега ќе се натпреварува под нивно знаме.

Алазов има 56 победи на 61 професионален меч, а во 34 од нив победи со нокаут. Борецот роден во Белорусија го постигна најголемиот успех во јуни 2017 година во Токио, Јапонија. Тогаш тој победи тројца врвни противници за една вечер во рингот во „Саитама супер арената“ и го освои појасот во полутешка категорија на К-1.

27-годишниот кик-боксер има победи и над имиња како Џабар Аскеров, Енрико Кел и Мустафа Хаида. Алазов ќе се натпреварува во перо категорија. Во оваа дивизија се борат и тројца од борците кои имаат победи над него – Џорџо Петросијан, Ситичаи и Марат Григоријан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО