Светскиот шампион во борење Бо Никал се приклучи на УФЦ (ВИДЕО)

Светскиот шампион во борење во слободен стил до 23 години, Бо Никал, заработи договор со УФЦ по спектакуларната победа во неговиот последен меч од шестата сезона на реалното шоу од серијата Дана Вајт Контендер.

За само 52 секунди, Никал го запре Донован Бирд со гушење (триаголник) на главниот настан на ДВЦС финале 6 во Лас Вегас, Невада. Настанот се случи доцна синоќа.

Ова е втора победа на ДВЦС за шампионот на колеџ во борење Никал. По победата тој се сврте кон претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој ги следеше борбите од кафез и изјави:

„Еј будало, требаше да ми дадеш договор веднаш по првата победа“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON