Светскиот шампион Тајсон Фјури привремено е суспендиран поради допинг

Fjuri odelo faca

Британската антидопинг агенција и изрече привремена казна на Тајсон Фјури и неговиот братучед Хјуи, откако двајцата дадоа позитивни примероци на Nandrolone. Тестот бил земен во февруари 2015 година.

Санкцијата е изречена на 24 јуни. Истиот ден Тајсон Фјури објави дека е повреден и го одложи закажаниот реванш за 9 јули со Владимир Кличко.

Се очекува двајцата боксери да дадат докази пред комисија како допингот западнал во нивните организми. Се уште нема закажан датум за сослушувањето.

Во јуни, „Сандеј мирор“ објави дека во урината на светскиот шампион е пронајдена супстанцата “nandrolon”, но, Фјури ја демантираше таа информација.

А днеовиве изјави дека ќе ја тужи Британската антидопинг агенција.

https://youtu.be/IFK3RmtHhlQ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON