Поранешниот светски шампион на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во средна категорија кај професионалците, Хасан Н’Дам Н’Жикам од Камерун се опрости од Олимписките игри во Рио уште во првото коло на боксерскиот турнир.
По 12-годишна кариера во професионалниот бокс Н’Дам загуби на стартот во категорија до 81 килограми од домашниот претставник Мишел Борџес на поени со 0-3.
32-годишниот Н’Дам кој има две титули, е еден од тројцата најпознати професионални боксери кои учествуваат на Олимпијадата.
„Многу сум разочаран од поразот“, изјави кратко Камерунецот.