Светскиот боксерски првак во велтер категорија, Дени Гарсија, ја откри тајната зашто и по 29 борби се уште е непоразен.
Таа лежи во неверојатниот факт дека на десната нога има шест прсти.
“Затоа никој не може да ме бутне, шесте прсти ми даваат баланс”, изјави Гарсија.
Порториканецот досега учествувал во 29 борби и ги доби сите, а на 17 од нив победи со нокаут.